Достапни линкови

logo-print

Уште еден случај на западно-нилска треска во Македонија


Кај уште едно лице во Македонија лабараториски е потврдено присуство на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за дете на едногодишна возраст, хоспитализирано на Клиниката за детски болести, со треска и покачена температура, со полесна форма на болеста, без тешки компликации,
На Клиниката за инфективни болести се уште се лекува двеиполгодишното дете, кое и натаму е во потешка здравствена состојба, додека останатите две лица (7-годишно дете и повозрасен маж) по успешното лекување се пуштени дома.
Во Македонија досега се евидентирани шестмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.
XS
SM
MD
LG