Достапни линкови

Регионален состанок во Таџикистан за илегалната трговија со дрога


Највисоките претставници за борба против трговијата со дрога од Таџикистан, Авганистан, Пакистан и Русија, на денешниот состанок во Душанбе договорија 5 годишен план во битката против шверцот со наркотици. За остварување на планот им е потребна финансиска помош од околу 500 милиони долари. Шефот на руската федерална служба Виктор Иванов, изјави дека во Авганистан моментално има складирано околу 20 тони опиум, кој чека на транзит до светските пазари. Иванов оцени дека во Авганистан се произведува опиум во поголеми количества отколку што се потребите на пазарите, па затоа се складира.
XS
SM
MD
LG