Достапни линкови

Нападнат затворот во Тикрит, избегале 81 затвореник


Најмалку 10-мина полицајци и 5-мина затвореници загинале во судирите во затворот во ирачкиот град Тикрит. Затворот, во изминатата ноќ бил завземен од милитанти, но полицијата потоа успеала да го превземе под контрола. При нередите избегале 81 затвореник. Исламистички милитанти, поврзани со Ал Каеда најавија дека ќе ги напашаат институциите во Ирак, особено судството и обвинителството и оти ќе им помагаат на затворениците да избегаат од затвор.
XS
SM
MD
LG