Достапни линкови

Кина е за дипломатско решение со Иран


Шефот на кинеската дипломатија Јанг Џијечи изјави во Генералното собрание на Обединетите нации дека треба да продолжат напорите за изнаоѓање дипломатско решение на проблемот со иранската нуклеарна програма. Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да се воспостават јасни ограничувања со цел Иран да биде спречен да произведе нуклеарно оружје. „Потребни се уште неколку месеци или можеби недели да произведат збогатен ураниум, доволен за атомска бомба“ изјави Нетанјаху. Веднаш потоа официјален Техеран наведе дека Иран е деволно силен за да се одбрани и оти го задржува правото да одговори на секаков вид напад.
XS
SM
MD
LG