Достапни линкови

Студентска дебата


Георги Велковски, дебатен тренер во Младински образовен форум(МОФ).

Георги Велковски, дебатен тренер во Младински образовен форум(МОФ).

За крај само уште една поента. Во период кога доминира поделбата на наши и ваши, Македонци и Албанци, портокалови и плави, дали нам ни е потребна дебатата како уште едно средство за несогласување и поделба? Апсолутно да. Бидејќи дебатата подразбира судир на идеи, не на боксови, пишува Георги Велковски, дебатен тренер во Младински образовен форум, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Пред две години, како студент на Економскиот факултет во Скопје, имав можност да држам презентација пред моите колеги. Немав однапред зададена тема, поентата беше да одржам 5 минутен говор за што сакам. Решив да зборувам за потребата да се оформи дебатен клуб на факултетот. Презентирав и причини и факти, се запенив да објаснам колку е супер да дебатираш, ама ништо. Ме ислушаа колегите и професорот и ми дадоа оценка, ама од мојата желба да заинтересирам некого за дебата, ништо не бидна.
Од друга страна, факултетите во светот се натпреваруваат кој ќе има подобар дебатен тим. Вечната дебата дали се подобри Оксфорд или Кембриџ, ни едните ни другите нема да признаат. За нив тоа претставува прашање на гордост и чест. Воедно, постигнувањата кои ги прават дебатерите во името на факултетот, само придонесуваат за да се зголеми репутацијата на институциите. Во мисијата и изјавите на дебатните клубови на Оксфорд, Харвард, Кембриџ и Монаш, може да се прочита вековната традиција кон дебатата и слободата на говорење, значајните успеси кои нивните тимови ги постигнале, како и меѓусебната гордост. Едните се гордеат што ја продолжуваат традицијата, другите со тоа што го негуваат талентот за добри аргументи.

Да пробаме одново. Овојпат можеби ќе има некој поголем успех. Најпрвин да објаснам што е тоа дебата. Дефиницијата вели дека е аргументирана и организирана дискусија со две или повеќе спротивставени страни. Прилично слободна дефиниција која можеби не го опишува вистинското значење на дебатата. Дебатата не е секогаш само да се дискутира на некоја тема. Многу почесто е во тоа да се изнајдат посилни аргументи, аргументи кои противникот нема да ги очекува. Скоро секогаш е во тоа да се победи. Ретки се случаите кога некој пробува да дебатира и да аргументира без притоа да има желба да излезе како победник на крајот.

Што е интересното кај дебатата? Дебатерите имаат само 15 минути од моментот кога ќе дознаат која е темата и која страна ја бранат до моментот кога треба да започне првиот говор. Нема време за истражување и спремање. Затоа подготовките се месеци пред тоа. Редовно следење на вести и настани од светот, читање книги и магазини и многу пробни дебати. Затоа дебатерите се добро информирани за најновите светски настани, спремни се брзо да размислуваат и да анализираат и никогаш не им е проблем да го искажат своето мислење доколку се бара од нив. Тие 15 минути се само за да се структурираат и договорат аргументите. Звучи чудно и невозможно, но така е. Освен кога не знаете ништо за темата, па гo користите тоа време за кратка дремка.

Постои разлика помеѓу нивото на дебата кај студенти и кај средношколци. Кај средношколците, дебатата помага да развијат способности за критичко размислување, да ги запознаат основите на дебатата, да научат да говорат. Студентите се зема во предвид дека веќе ги знаат овие работи. Затоа кај нив дебатата е на повисоко ниво. Се бараат покомплетни и поиздржани аргументи, решенијата на одредени проблеми да бидат поиновативни од вообичаено и линијата на размислување да ги напушти конвенционалните норми. На почеток е тешко, но дебатите кои што се добиваат после тоа се со далеку подобар квалитет. Квалитет кој се очекува да го пружат академски граѓани.

Како што веќе напоменав, студентите кои се занимаваат со дебата имаат многу предности над остатокот од групата. Најпрвин, за потребите на дебатата тие се здобиваат со многу повеќе знаења и информации, надвор од предвидената наставна програма. Темите за дебата се најчесто современи политички, социјални и економски настани и проблеми, така да потребно е постојано е да се биде во тек со настаните. За време на креирањето на случаите и составувањето на аргументите, дебатерите стекнуваат високи аналитички и системски способности. Самиот факт што за многу од темите постојат повеќе од две гледишта, најразлични теории „за“ или „против“, сето тоа дебатерот мора сосема соодветно да го разбира и практикува. И за крај, очигледното. Кога веќе мора да застанете и да го браните својот случај пред други луѓе, се победува тремата. Не сте веќе број на индекс позади шифрарникот или тестот. Способноста за јавен настап и презентација, смирено и структурирано говорење на различни теми и секако, способност за брзо размислување и одговарање на поентите. Се надевам дека е доволно јасно што добиваат студентите.
За крај само уште една поента. Во период кога доминира поделбата на наши и ваши, Македонци и Албанци, портокалови и плави, дали нас ни е потребна дебатата како уште едно средство за несогласување и поделба? Апсолутно да. Бидејќи дебатата подразбира судир на идеи, не на боксови. Дебатата ги препознава противниците не како крвни непријатели, туку луѓе со поинакви ставови кои вреди да се чујат. Можеби дебатата ќе може да промени некои работи за идните генерации.

Од друга страна, факултетите во светот се натпреваруваат кој ќе има подобар дебатен тим. Вечната дебата дали се подобри Оксфорд или Кембриџ, ни едните ни другите нема да признаат. За нив тоа претставува прашање на гордост и чест. Воедно, постигнувањата кои ги прават дебатерите во името на факултетот, само придонесуваат за да се зголеми репутацијата на институциите. Во мисијата и изјавите на дебатните клубови на Оксфорд, Харвард, Кембриџ и Монаш, може да се прочита вековната традиција кон дебатата и слободата на говорење, значајните успеси кои нивните тимови ги постигнале, како и меѓусебната гордост. Едните се гордеат што ја продолжуваат традицијата, другите со тоа што го негуваат талентот за добри аргументи.

Да обрнеме внимание и на работите што се случуваат околу нас. Голем дел од универзитетите во соседните држави имаат свои дебатни клубови. Дебатните клубови на универзитетите во Атина, Белград, Загреб, Љубљана и Будимпешта се едни од попознатите имиња во дебатниот свет, со значителни успеси. Универзитетот во Белград ова лето беше домаќин на Европското дебатно првенство за студенти, на кое земаа учество повеќе од 400 дебатери од цела Европа. Паралелно со тоа, редовно се организираат регионални турнири. Ситуацијата кај нас е далеку од слична. Но има почеток и тоа е тоа што треба да не радува. Три факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од оваа година ќе отворат дебатни клубови со помош и менторство на Младинскиот образовен форум, организација која се занимава со дебата во Македонија повеќе од 10 години.

За крај само уште една поента. Во период кога доминира поделбата на наши и ваши, Македонци и Албанци, портокалови и плави, дали нас ни е потребна дебатата како уште едно средство за несогласување и поделба? Апсолутно да. Бидејќи дебатата подразбира судир на идеи, не на боксови. Дебатата ги препознава противниците не како крвни непријатели, туку луѓе со поинакви ставови кои вреди да се чујат. Можеби дебатата ќе може да промени некои работи за идните генерации.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG