Достапни линкови

Нови идеи за лов на гласачи


Премиерот Никола Груевски во посета на штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.

Премиерот Никола Груевски во посета на штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ собира „нови идеи за нови успеси“, СДСМ повикува народот да „отвори врата кон идинината“. Дел од граѓаните ги одобруваат ваквите чекори, дел велат дека партиите само собираат поени пред избори.

Неколку месеци пред одржувањето на локалните избори во март наредната година партиите секој со своја стратегија за додворување на гласачите. ВМРО ДПМНЕ со нивната акција „Нови идеи за нови успеси“ преку непосреден контакт со граѓаните ќе прибира сугестии и предлози.
Треба да се чуе гласот на народот, има луѓе надвор од политиката кои имаат добри идеи, јас мислам дека тоа е фина работа.

СДСМ пак со проектот „Отвори врата кон иднината“ кој е продолжение на работното лето ќе ги посетува домовите на граѓаните од кои директно ќе бараат насоки за партиската програма. Граѓаните ги одобруваат таквите чекори на партиите во борбата за власт.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба со граѓани.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба со граѓани.


„Треба да се чуе гласот на народот, има луѓе надвор од политиката кои имаат добри идеи, јас мислам дека тоа е фина работа“.

„Нема ефект, јас во мојата зграда не можам да ги убедам луѓето да плаќаат за лифтот и за вода“.
За да може ВМРО-ДПМНЕ да привлече нови гласачи треба да престане со партизацијата во институциите и воопшто во државата, да престане да ги условува своите гласачи, симпатизери да дават финансиски прилози во партијата и активно да се ангажираат во нејзините обврски, за кога ќе добијат на изборите да бидат наградени со работно место.

„Би прифатиле идеи кои се во интерес на граѓаните, мислам дека работат во интерес на граѓаните“.

Сепак некои од нив би ја доставиле својата идеја и без разлика што сметаат дека целта на партиите е освојување на политички поени.

„Тие го гледаат својот интерес- борба за власт и затоа нема бериќет“.

„Тоа е да се зближат со граѓаните пред избори“.

„Поентата им е да соберат што повеќе гласови“.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека методата на ВМРО ДПМНЕ ни е добро позната од почетокот на нивното доаѓање на власт и таа престана да биде популистичка, туку веќе видена работа која не е корисна.

„За да може ВМРО-ДПМНЕ да привлече нови гласачи треба да престане со партизацијата во институциите и воопшто во државата, да престане да ги условува своите гласачи, симпатизери да дават финансиски прилози во партијата и активно да се ангажираат во нејзините обврски, за кога ќе добијат на изборите да бидат наградени со работно место.“

Што се однесува до кампањата на СДСМ и таа е на некој начин дежави и станува здодевна, додава Стојадиновиќ.

„СДСМ треба да се консолидира внатре во својата партија, да види дали треба да дозволи да има фракции, а секоја фракција е здрава за една партија и да размисли дали се уште треба да им биде лидер Бранко Црвенковски, а подоцна да се свртат кон своето членство, бидејќи СДСМ вади на површина едни исти функционери, едни исти ликови, едни исти ликови и фрази, идеи, ништо ново не вади.“

Едните ќе одат кај граѓаните, другите ќе ги чекаат да дојдат кај штандовите. Но, дали некоја од партиите ќе ги прифати нивните идеи ќе треба да почекаме до изборите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG