Достапни линкови

Притвор за авторот на „Невиноста на муслиманите“


Снимка од видеото „Невиноста на муслиманите“.

Снимка од видеото „Невиноста на муслиманите“.

Човекот одговорен за појавувањето на видеото „Невиноста на муслиманите“ што предизвика големи насилни протести во исламскиот свет, египетскиот христијанин Накула Басиле Накула, е ставен во притвор без можност за кауција, по сослушувањето во судот во Лос Анџелес.

Судијата оцени дека има опасност од бегство на обвинетиот, кој е под истрага за прекршување на условната казна по неговото ослободување од затвор во 2011 година. Тој беше осуден за банкарска измама. Нему му беше забрането да користи интернет и псевдоними без дозвола од службеникот за условна казна.

Накула беше во бегство откако се откри дека тој стои за видеото „Невиноста на муслиманите“ објавено на Јутјуб.
XS
SM
MD
LG