Достапни линкови

logo-print

Ирачки милитанти го освоиле затворот во Тикрит


Архивска фотографија: Затворот во Тикрит по бунт на затворениците во март 2011 година.

Архивска фотографија: Затворот во Тикрит по бунт на затворениците во март 2011 година.

Ирачки милитанти ја презеле контролата врз затворот во Тикрит, по жестоки судири со стражарите. Сè уште не е јасно дали немирите започнале по напад од надвор, по внатрешен бунт или двете работи истовремено. Властите соопштуваат дека вооружени луѓе го нападнале затворот, откако во близина на главната капија експлодирал автомобил-бомба. Двајца полицајци загинале во престрелките. Сè уште не се знае бројот на избегани затвореници. Во Тикрит е прогласен полициски час. Многумина од затворениците биле осудени за поврзаност со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG