Достапни линкови

НАТО ги продолжува заедничките операции со авганистанските сили


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета.

Војниците на НАТО ги продолжија заедничките операции со авганистанските сили по скоро двенеделен прекин, соопшти Пентагон. Одредени операции беа во прекин по порастот на инсајдерските напади во кои припадници на авганистанските безбедносни сили убиваа војници на НАТО. Најмалку 51 странски војници се убиени во вакви напади оваа година. Говорејќи на прес-конференцијата во четвртокот, американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека инсајдерските напади не ги попречија плановите за пренос на контролата на безбедноста на авганистанските сили до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG