Достапни линкови

Германија - обвинет пар дека шпионирале за Русија


Германските обвинители поднесоа пријава за шпионажа против брачна двојка која се обвинува дека шпионирала за Русија. Канцеларијата на федералниот обвинител изјави дека парот кој работел во Германија повеќе од 20 години вршел услуга за руската разнавачка служба, давајќи им информации за стратегиите на Европската унија и НАТО. Според обвинителите, парот во Гермнаија дошол меѓу 1988 и 1990 година тврдејќи дека се австриски државјани, по потекло од Јужна Америка. Тие последните неколку години добивале 130 илјади долари годишно за својата работа. Германските медиуми јавија дека тоа е прв таков случај во Германија од падот на Студената војна.
XS
SM
MD
LG