Достапни линкови

Киргистан - претседателот нема да се обиде да остане на функцијата по 2017


Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев.

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави дека нема да се обиде да остане на функцијата по истекот на сегашниот мандат во 2017 година. Атамбаев рече дека ќе се придржува кон условите на новиот устав на земјата, кој овозможува претседателот да служат само еден шестгодишен мандат. Тој вели дека не сака да оди по патот на неговите претходници Аскар Акаев и Курманбек Бакиев кои беа соборени од власт од страна на демонстрантите.
XS
SM
MD
LG