Достапни линкови

„Лучија ди Ламермур“ за старт на новата сезоната во МОБ


Постер за операта „Лучија ди Ламермур“ од Гаетано Доницети, со која во вторник на 2 октомври на Големата сцена, во Македонската опера и балет и официјално ќе биде отворена сезоната 2012 – 2013.

Постер за операта „Лучија ди Ламермур“ од Гаетано Доницети, со која во вторник на 2 октомври на Големата сцена, во Македонската опера и балет и официјално ќе биде отворена сезоната 2012 – 2013.

Со премиерата на операта „Лучија ди Ламермур“ од Гаетано Доницети, со Ана Дурловски во насловната улога, во вторник на 2 октомври на Големата сцена, во Македонската опера и балет и официјално ќе биде отворена сезоната 2012 – 2013.

По скоро четиригодишна пауза на Големата сцена на МОБ се враќа трагичната опера и една од водечките белканто во светската литература „Лучија ди Ламермур“ на големиот италијански композитор Гаетано Доницети. Со сосема нова режија, сценографија и костимографија, премиерната изведба е закажана за вторник од 20 часот.
Ова е една улога која мене посебно ми лежи на срце бидејќи со неа првпат застанав на оперската сцена како солист и од таму тргнува мојата емотивна врзаност за неа. Се надевам дека ќе успеам да претставам една Лучија која е мој личен белег заради тоа што во овие 13 години ја имам играно преку 60 пати на други оперски сцени.

Режисер и сценограф е гостинот од Италија – Лев Пулиезе, костимограф е Марија Пупучевска, а со оркестарот ќе диригира реномираниот Алесандро Д Агостини. Во насловната улога ќе се појави македонската сопранистка со интернационална кариера Ана Дурловски.

„Ова е една улога која мене посебно ми лежи на срце бидејќи со неа првпат застанав на оперската сцена како солист и од таму тргнува мојата емотивна врзаност за неа. Се надевам дека ќе успеам да претставам една Лучија која е мој личен белег заради тоа што во овие 13 години ја имам играно преку 60 пати на други оперски сцени.“
Македонската оперската певица Ана Дурловски.

Македонската оперската певица Ана Дурловски.


Певицата дополнува дека секој уметник треба да се стреми на ликот да му даде своја верзија и верува дека, ако своевремено „Лучија ди Ламермур“ била хит претстава на сцената на МОБ и овојпат, според звучноста на имињата на членовите на екипата што е инволвирана во проектот, публиката ќе има можност да ужива во спектаклот што тие заедно го потпишуваат.
Ние како Дирекција даваме можност на младите квалитетни гласови и на сите други кои ќе се покажат и докажат во најквалитетно можно светло да добијат главни улоги во следните оперски претстави. Мора да ги негуваме, подржуваме и мотивираме младите таленти да се одржуваат и да живеат на сцената.

Нејзин партнер како Едгардо ќе биде Аргентинецот Пабло Караман, во улогата на Енрико ќе се појави искусниот Борис Трајанов, Дејан Стоев ќе биде Артуро, а Владимир Саздовски – Рајмондо. Интересно е и тоа што на репризната изведба што ќе се одржи на 5 октомври како Лучија ќе настапи младата Наде Талевска, за што уметничкиот директор на Операта – Александар Котевски со објаснување дека на тој начин тие ги подржуваат, негуваат и мотивираат младите таленти да се докажуваат и во иднина.

„Ние како Дирекција даваме можност на младите квалитетни гласови и на сите други кои ќе се покажат и докажат во најквалитетно можно светло да добијат главни улоги во следните оперски претстави. Мора да ги негуваме, подржуваме и мотивираме младите таленти да се одржуваат и да живеат на сцената.“

Инаку, за претстојната сезона 2012 – 2013 година, во Операта забрзано се работи и на обновата на „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски (дело кое има библиска тематика и опфаќа настани од животот на првата покрстена жена од европскиот простор од страна на Свети Апостол Павле) планирана за изведба на 13 ноември, а во Балетот со голема љубопитност ги очекуваат резултатите од распишаниот конкурс за „македонско национално дело“ кој завршува на 6 декември и кој треба да го даде балетот наследник на „Македонска повест“ од Глигор Смокварски, „Зодијак“ работен според музиката на ЛЕБ И СОЛ и „Ташула“ на композиторот Стојан Стојков.

Горан Божинов, уметничкиот директор на Балетот, откако ќе забележи дека на гостувањата се претставуваат со класични дела кои сите ги имаат на репертоарот дополнува дека:

„На луѓето надвор многу им е интересен македонскиот фолклор, нашата ритмика, така да во принцип треба да покажеме нешто автентично наше.“

Тој констатира дека доколку на конкурсот пристигнат дела кои ќе ги задоволат потребните критериуми, тие веќе ја имаат екипата што ќе ја работи балетската претстава и дека „тоа ќе им биде приоритетот во претстојната сезона“.

Кон ова само уште информацијата дека Македонскиот балет, со претставата „Самсон и Далила“ од Камиј Сен Санс во која што играат Александра Мијалкова, Василиј Чичијашвили, Мими Поп-Алексова и Бобан Ковачевски, одлично бил прифатен на третиот интернационален балетски фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина, а со овој проект на 10 октомври ќе биде отворена и новата сезона за која се најавени обнови на балетите „Жизел“ и „Есмералда“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG