Достапни линкови

Грција-начелен договор за пакетот мерки за штедење


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Лидерите на коалициските партнери во грчката Влада се договорија за повеќето мерки од пакетот за штедење во наредните две години, како што бара тројката меѓународни инвеститори, jaви МИА.

„Постигнавме договор за главните точки. Има уште некои прашања. Ќе бараме четиригодишно продолжување на програмата за фискално прилагодување на Грција“, изјави лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис.

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска се сретна со коалициските партнери Евангелос Венизелос од ПАСОК и Фотис Кувелис од Демократската левица, за да го финализираат пакетот за заштеда на 11,5 милијарди евра и собирање дополнителни две милијарди евра од нови даночни мерки.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас, кој исто така учествуваше на состанокот, рече дека тоа што лидерите се договориле е „основа за силни преговори со кредиторите на земјата“.

Стурнарас прецизира дека предложените мерки прво треба да ги одобрат претставниците на ММФ, ЕУ и ЕЦБ, кои викендов се очекува да се вратат во Атина, а потоа ќе бидат поднесени за гласање во Парламентот. Усвојувањето на пакетот мерки за штедење е клучено за доделување на следната транша помош за Грција во висина од 31,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG