Достапни линкови

Економијата во фокусот на дневниот печат


Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Задолжувања, раздолжувања, пад на индустријата, со овие економски теми се занимаваат речиси сите дневни весници. Свое место си најдоа и Законот за избори и „Белата книга“ во одбраната.

„Само во Народна банка спијат една милијарда евра“, обелоденува Нова Македонија во информацијата за тоа дека опозицијата обвинува дека за да се раздолжи кон стопанството, Владата ќе земе огромен кредит од странство чие враќање ќе биде товар за генерациите што доаѓаат.
Груевски ги фрли на маса изборните адути.Настапот на премиерот пред стопанствениците ги подгреало сомневањата дека се можни општи избори во март следната година.

И Утрински објавува дека „Владата најави раздолжување со стопанството“, а во друг ден насловува: „Груевски ги фрли на маса изборните адути“, имено, дека настапот на премиерот пред стопанствениците ги подгреало сомневањата дека се можни општи избори во март следната година. Утрински објавува и интересна информација дека секоја година во Македонија мистериозно се зголемува бројот на фиктивните гласачи и дека има најмалку 200.000 фиктивни гласачи кои можат да се искористат за изборни манипулации.
Точно една година индустријата во минус. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во август паднало за 8,1%, што значи дека главните индустриски сектори врз кои се потпира нашата економија точно една година се заглавени во општа криза.

Дневник пишува дека се појавила нова кавга за Законот за избори во собраниските комисии каде што се разгледува предлогот поднесен од Владата: „Власта и опозицијата со различна диоптрија“, гласи насловот на оваа информација. Утрински ја објавува изјавата на министерот Ставрески дека Владата ќе земе нови кредити до 250 милиони евра со кои ќе се одржува буџетот.

Дневниот Капитал оди со наслов: „Точно една година индустријата во минус“, државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во август паднало за 8,1%, што значи дека главните индустриски сектори врз кои се потпира нашата економија точно една година се заглавени во општа криза. „Во Македонија има 35-мина мултимилијардери со богатство вредно 4 милијарди долари, се тврди во Извештајот за светските ултрабогаташи.

Вечер, кој во два броја со големи фотографии на насловната најавува дека Ивона Талевска ќе биде новиот главен уредник на весникот, на местото на Латас, кој заминува како професор на Универзитетот на Бојо Андревски, насловува дека „По Слупчане, Белата книга направи раздор во одбраната“, а Дневник информацијата за истиот настан ја објавува под наслов: „Министерот и началникот преку нишан“.

Удел за рубриката Македонија и се' е можно: Бучковски има вила на Халкидики, во Неос Мармарас - објави грчкиот Катимерини, а веста ја објавија сите весници, со тоа што Вечер се фали дека тоа го обелоденил уште Латас во своја колумна во јануари.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG