Достапни линкови

Меркел ја откажа посетата на Тунис


Гермaнската канцеларка Aнгела Меркел.

Гермaнската канцеларка Aнгела Меркел.

Гермaнската канцеларка Aнгела Меркел ја откажа посетата на Тунис, планирана за следниот месец поради загриженоста за безбедноста по порастот на безредијата на протестите во муслиманските земји против анти-исламскиот филм. Од Канцеларијата на Меркел велат дека посетата е откажана во договор со туниската влада, но не ги кажуваат причините за откажувањето.
Меркел вчера изјави дека исламот е дел од германското општество и повика на религиозна толеранција.
XS
SM
MD
LG