Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху ќе ги нагласи „јасните црвени линии“ за Иран


Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелски официјални претставници велат дека се очекува премиерот Бенјамин Нетанјаху да ги нагласи „јасните црвени линии“ за иранската спорна нуклеарна програма во неговиот говор во ОН. Новинските агенции цитираат претставници од делегацијата на Нетанјаху во Њујорк, кои неофицијално рекле дека израелскиот премиер ќе „го разјасни начинот на кој Иран нема да дојде до нуклеарно оружје“. Нетанјаху има изјавено дека Израел нема да толерира нуклеарно вооружен Иран, но досега не кажал во кој момент Израел ќе биде подготвен да почне војна против Иран. Тој претходно предупреди дека до почетокот на 2013 Иран може да има доволно ниско збогатен ураниум што ќе овозможи за брзо време да произведе доволно високо збогатен ураниум за производство на атомска бомба.
XS
SM
MD
LG