Достапни линкови

Крејтон- реформите да продолжат и да се адресираат причините за меѓуетничките тензии


Mинистерката за европски работи на Ирска, Лусинда Крејтон, претставник на Канцеларијата на претседателството со ОБСЕ за времe на посета на Скопје, дискутираше за спроведувањето на реформите и улогата која може да ја одигра ОБСЕ во спроведувањето на истите, како и во интегративниот процес. По средбата со македонската министерка за европски прашања Теута Арифи, Крејтон изјави дека ги подржува реформите, особено оние поврзани со Охридскиот рамковен договор, слободата на медумите и изборните рефори.

Таа ја нагласува и важноста од инклузивност, помирување, добрососедските односи. Повика да се адресираат причините за меѓуетничките тензии, затоа што само така може да се оствари мултиетничко општество.
Таа вели дека Охридскиот рамковен договор е добра алатка за стабилизација и ги повика властите да продолжат со имплеметацијата. Таа вели дека спроведувањето мора да продожи, а ОБСЕ може да им помогнат на властитие во тоа. За време на посетата на Скопје таа ќе се сретне и со претставници на граѓанските здруженија за човекови права, за медиуми и за добро владеење.

Крејтон потоа ќе ги посети и Белград, Приштина, Љубљана и Тирана.
XS
SM
MD
LG