Достапни линкови

Турската армиja презема акција против ПКК на границата со Ирак


Турската армија од вчера презеде обемна операција против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) во реоните на границата со Ирак, јавуваат турските медиуми.
Во рамки на акцијата, наречена „Есенско прочистување“, во реонот меѓу долината Казан и Кавушат се испратени војници и блиндирани возила. Операцијата се спроведува со поддршка од воздух.
Во текот на изминатата ноќ имало судири меѓу турските сили за безбедност и група бунтовници од ПКК.
XS
SM
MD
LG