Достапни линкови

Во Крим протести против анти-исламскиот филм


Протести низ муслиманскиот свет против филмот.

Протести низ муслиманскиот свет против филмот.

Илјадници луѓе протестирале денеска во украинскиот автономен регион Крим против анти-исламскиот филм направен во САД, со кој се исмева пророкот Мухамед. Демонстрантите повеќето од нив Татари носеле транспаренти на кои пишувало „ Мухамед е чист, Америката е понижена.“ Сличен протест на татарски активисти имало и во руската република Татарстан во средата. Филмот „Невиноста на муслиманите“ предизвика протести низ муслиманскиот свет, од кои некои и со смртни последици.
XS
SM
MD
LG