Достапни линкови

Асанж преку видео му се потсмеваше на Обама


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж преку видео линк го критикуваше претседателот на САД Барак Обама за поддршката на слободата на говорот во Блискиот Исток, додека истовремено ја „прогонува“ неговата организација. Говорејќи преку интернет од амбасадата на Еквадор во Лондон, Асанж рече дека Обама „направил многу повеќе за криминализација на слободен говор од било кој друг американски претседател претходно.“ Видеото беше пуштено на состанок организиран од Еквадор, на маргините на Генералното собрание на ОН.
На 15 август Еквадор му даде политички азил на Асанж, но британските власти се заканија дека ќе го уапсат доколку исчекори надвор од амбасадата.
XS
SM
MD
LG