Достапни линкови

logo-print

Генералното собрание на ОН не е место за решавање на името


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Њујорк.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Њујорк.

Поддршката од ОН може да се искористи само ако државите покажат подготвеност за тоа, велат упатените.

Иако сè уште се создава таков впечаток во јавноста дека нешто битно може да се придвижи во надминувањето на најтешкиот надворешно политички проблем за земјава, спорот за името, во текот на одржувањето на Генералните собранија на ОН, тоа е сосема нереално, вели поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески. ОН се само најголемиот дипломатски форум во светот чија поддршка може да се искористи доколку државите покажат подготвеност за тоа, а генералните собранија се само еден метеж во кој државите го изложуваат сработеното во изминатата година.
За домашна употреба најчесто се создава еден привид и дека моментот на почетокот на работата на Генералното собрание во септември е правиот момент. Тоа е нешто што еве овие 20 години политичарите во Македонија го злоупотребуваат за да прикажат сопствена активност. Во основа таму во тие денови многу и не може да се случи.

„За домашна употреба најчесто се создава еден привид и дека моментот на почетокот на работата на Генералното собрание во септември е правиот момент. Тоа е нешто што еве овие 20 години политичарите во Македонија го злоупотребуваат за да прикажат сопствена активност. Во основа таму во тие денови многу и не може да се случи.“
Архивска фотографија: Обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Генералното собрание на ОН во 2010 година.

Архивска фотографија: Обраќање на претседателот Ѓорге Иванов пред Генералното собрание на ОН во 2010 година.


Спорот за името датира токму од моментот кога Македонија сакаше да стане членка на ОН. На негово решавање преку посредништво на оваа организација и денеска упатуваат сите политички фактори на македонското интегрирање во ЕУ и НАТО, токму поради фактот дека единствено оваа организација може да обезбеди неутралност на решението преку своето посредство, што не може да се очекува и од ЕУ чија членка е другата страна во спорот, соседна Грција, велат експертите.
Тоа[иницијатива за нова резолуција на ОН н.з.] може да биде и контрапродуктивно поради членството на другата страна, односно Грција, во оние институции каде што сакаме и ние да бидеме членки, каде што тие имаат право на вето.

„Сепак можеби е можно поповолни решенија таму да се најдат, но тие треба да се бараат, да се бараат од страна на суверените држави, во конкретниот случај Македонија и Грција, оти никој друг нема да ни го реши тој проблем“, вели Малески.

Македонија преку ОН може да лобира за подобри позиции во однос на спорот, анализира политикологот Владимир Божиновски. Може да поднесе и иницијатива за донесување на нова резолуција за прием на земјава под уставното име, но сето тоа е проблематизирано од политичките последици.

„Само тоа може да биде и контрапродуктивно поради членството на другата страна, односно Грција, во оние институции каде што сакаме и ние да бидеме членки, каде што тие имаат право на вето.“

Односите или и односот на силите и на интересите во ЕУ и НАТО се пресликуваат и во ОН, појаснува професор Денко Малески, така што во интерес на државата е политичарите да ја соочуваат домашната јавност дека меѓународното право е сосема различно од домашното, зашто не може да и се наметне на државата што не сака да го применува. Тука завршуваат и можностите за евентуално искористување на сите механизми на правдата и меѓунарондото право во свет во кој доминираат интересите, заклучува Малески.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG