Достапни линкови

Путин ја откажа посетата на Пакистан, одложен регионалниот самит


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин ја откажал посетата на Исламабад и на планираниот самит меѓу Пакистан, Русија, Таџикистан и Авганистан, соопштија од пакистанското Министерство за надворшени работи. Беше планирано Самитот да се одржи на 2 и 3 октомври во Исламабад, но тој сега се откажува. Пакистанските власти велат дека нов датум на самитот ќе закажат во договор со лидерите на останатите земји кои требаше да учестуваат. Во соопштението не се наведува причината зошто Путин ја откажал посетата на Пакистан.
XS
SM
MD
LG