Достапни линкови

logo-print

Задолжувањата за инвестиции се оправдани


Илустрација.

Илустрација.

Продуктивните инвестиции може да ги оправдаат задолжувањата и да помогнат земјава да излезе од рецесијата, велат упатените.

Рецесијата не е крај и продуктивните инвестиции може да ги оправдаат задолжувањата, сметаат упатените, дел од кои велат дека со позајмени пари не треба да се финансираат популистички инвестиции.
Барањето излез од рецесијата значи мобилизирање на потенцијалите, ресурсите, инвестиции, инвестиции за отворање нови работни места па макар и преку задолжување.

Професор Јован Пејковски вели дека потребата за задолжување доаѓа како резултат на потребата за обезбедување на динамика и финансиска одржливост.

„Да не се доведе во пречка оптеретувањето на домашните корисници на буџетот, односно домашната потрошувачка и од таму секогаш постојат дилеми до кое ниво да оди задолжувањето, до која фаза е неопходно и колку може задолженоста да влијае на идниот развој. Постојат во науката одредени лимити, ограничувања коишто секако се познати. Во услови на променливи економски текови, посебно влијание однадвор, се оди кон балансирање на односите.“

Рецесијата не е крај, вели Пејковски.
Кога ќе се анализираат посуштинските параметри, на пример издатоците за социјална помош, издатоците за невработените, ќе се добие впечаток дека е доста црна сликата.

„Барањето излез од рецесијата значи мобилизирање на потенцијалите, ресурсите, инвестиции, инвестиции за отворање нови работни места па макар и преку задолжување. Ако задолжувањето се користи за продуктивни намени и остварува раст, развој, тогаш тоа е оправдано, преку задолжувањето се врши активација на потенцијалите.“

Се поставува прашањето дали задолжувањата се со цел собирање политички поени, без размислување околу тоа како ќе се вратат парите после избори? Одговара политикологот Здравко Савески:

„Кога ќе се анализираат посуштинските параметри, на пример издатоците за социјална помош, издатоците за невработените, ќе се добие впечаток дека е доста црна сликата. Во Македонија, бројот на приматели на социјална помош е намален за 42 проценти од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.“

Стапката на сиромаштија е на исто ниво, вели Савески.

„Така што се гледа дека на тој начин не се трошат парите за социјални издатоци, значи не на тој аспект од популизмот. Оној аспект на популизам на кој се оди е градење на споменици и билдање на националното чувство.“

Инаку, вреди да се спомене и дека индустриското производство во август годинава забележа пад од 8,1 процент во однос на август минатата година, со што индустријата паѓа цела година.
XS
SM
MD
LG