Достапни линкови

logo-print

ОН - до крајот на годината ќе има 700 илјади бегалци од Сирија


Сириски бегалци во Ирак.

Сириски бегалци во Ирак.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека бројот на бегалци од Сирија до крајот на годината може да порасне на 700 илјади. Од Комесаријатот за бегалци соопштуваат дека досега 294 илјади Сиријци бегајќи од конфликтот во земјата, заминале во соседите земји – Јордан, Ирак, Либан и Турција или чекаат на регистрација. Од Комесаријатот велат дека на ОН им одминува времето да се соочат ефикасно со кризата. Организаците за човекови права велат дека 30 илјади луѓе загинале од почетокот на конфликтот пред 18 месеци. Од сириската Опсерваторијата за човекови права велат дека вчерашниот ден бил еден од најкрвавите од почетокот на конфликтот со повеќе од 300 жртви.
XS
SM
MD
LG