Достапни линкови

Босна и Герцеговина во ЕУ во 2020 година.


Специјалниот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Петер Соренсен смета дека 2020 година е реален рок за членство на оваа земја во Унијата, а услов за тоа е домашните политичари да почнат со спроведување на потребните реформи.
Соренсен во интервју за „БН телевизија“ истакна дека не грешат оние кои зборуваат дека 2020 е година за влез на БиХ во ЕУ, ако се погледне и искуството на регионот, мислејќи на Хрватска и Словенија.
БиХ е единствената земја во Југоисточна Европа која се уште нема поднесено ниту барање за членство во Унијата.
На неодамна одржаниот состанок во Сараево, Европската комисија изрази разочарување што политичките лидери во БиХ го пропуштиле првиот рок, 31 август, за спроведување на Патоказот кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG