Достапни линкови

logo-print

Декриминализација или цензура?


Законот има два краја.

Законот има два краја.

Со предложениот закон им даваме алатка на моќниците да го спречат објавувањето на она што не сакаат да биде објавено, вели претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусудис.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми реагираат на вонредните судски мерки во предлог-законот за декриминализација.
Јас сум сигурна дека своевремено, Бранко Црвенковски да ја имаше оваа можност, ќе ја искористеше во случајот со Фокус, Љубчо Георгиевски ќе ја искористеше во случајот со вилата на Водно, а Бучковски за Ел Масри. Проблемот е во тоа што ние сега им даваме алатка на моќниците да го спречат објавувањето на она што не сакаат да биде објавено.

Синдикатот реагира дека предложениот текст е обид за воведување брутална, законски базирана цензура и ќе значи крај на истражувачкото новинарство.

Претседателката на синдикатот Тамара Чаусидис вели дека најспорен дел од предложениот текст е членот 23 кој предвидува можност, секој што ќе поднесе тужба за клевета или навреда да може да побара од судијата вонредни мерки за: „запирање на објавувањето на она што тужителот го оценува како клеветнички и навредливи содржини, нивно отповикување, како и ветување на тужениот дека нема да ги повтори навредата и клеветата“. Сите овие мерки судијата може да ги донесе три дена по поднесувањето на тужбата, без правосилна пресуда и без каква и да е можност тужениот да се брани, само врз основа на судиско „основано уверување“. Во пракса, вели Чаусидис, врз основа на досегашните негативни искуства на новинарите, ова значи вовед во директна цензура. Политичарите не ги тужат новинарите за да им земат пари, туку да спречат нешто да биде објавено, вели таа.
Не може така, физички само да се преземаат некои стандарди во правото и да се аплицираат во оваа материја бидејќи таа е многу проблематична. Тоа не е уредување на облигациони односи меѓу фирми, бизниси, овде се работи за демократија, овде се работи за човекови права и мора многу, многу темелно да се пристапува во формулирање на овие содржини.

„Сега, со вонредните судски мерки, таква можност им е дадена само врз основа на поднесена тужба. Доколку имаат влијание кај судијата, тие ќе може да издејствуваат, најдоцна за три дена, сторијата што не сакаат да биде објавувана понатаму да биде запрена. Јас сум сигурна дека своевремено, Бранко Црвенковски да ја имаше оваа можност, ќе ја искористеше во случајот со Фокус, Љубчо Георгиевски ќе ја искористеше во случајот со вилата на Водно, а Бучковски за Ел Масри. Проблемот е во тоа што ние сега им даваме алатка на моќниците да го спречат објавувањето на она што не сакаат да биде објавено“, вели Чаусидис.

Синдикатот бара од овој закон да биде децидно изземена можноста за вонредни судски мерки.

Директорката на МИМ Билјана Петковска се согласува дека изземањето на можноста за вонредни судски мерки би било добро решение.

„Не може така, физички само да се преземаат некои стандарди во правото и да се аплицираат во оваа материја бидејќи таа е многу проблематична. Тоа не е уредување на облигациони односи меѓу фирми, бизниси, овде се работи за демократија, овде се работи за човекови права и мора многу, многу темелно да се пристапува во формулирање на овие содржини“, вели Петковска.

Таа вели дека се надева оти овие забелешки ќе стигнат до пратениците и оти пропустите во законот ќе бидат корегирани.

Забелешки на овој член имаше и од дел од раководството на ЗНМ. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, пак, го брани законот и вели дека има простор за подобрување.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG