Достапни линкови

Шпанија - се очекува усвојување на мерките за штедење


Шпанската влада денеска треба да го усвои буџетот за 2013 во се очекува да биде вклучено кратењето на трошоците за 39 милијарди евра и зголемување на даноците.
Овие мерки треба да се донесат и покрај растечките протести и очекувањата дека Шпанија ќе побара финансиска помош од Еврозоната.
Шпанија се наоѓа под притисок да побара помош од Европската Централна Банка. Но нов пакет значи и нови мерки за штедење во земјата погодена од рецесија и со 25 процентна невработеност.
Пред Парламентот во Мадрид протов мерките за штедење се протестираше втора ноќ по ред. Вчера полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера демонстрантите.
XS
SM
MD
LG