Достапни линкови

Пад на индустриското производство и во август


Индустриското производство во август годинава забележа пад од 8,1 процент во однос на август минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во август 2012 година, во однос на август 2011 година, бележи пораст од 9,4 насто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10,1 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,9 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во август 2012 година, во однос на август лани бележи опаѓање кај енергија за 21 насто, интермедијарни производи, освен енергија за 10.9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто, додека бележи пораст кај капитални производи за 23,9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 3,5 насто.
Индустриското производство во периодот јануари-август 2012 година во однос на истиот перод лани има пад од 7,1 процент.
XS
SM
MD
LG