Достапни линкови

Штрајк на грчките цариници, ќе пуштаат само итни случаи


Грчката царинска управа изутринава во 6 часот стапи во штрајк што ќе трае до сабота во истото време.
Од МВР информираат дека на сите три гранични премини (Богородица, Стар Дојран и Меџитлија) ќе се пропуштаат само итни случаи.
Грчките цариници вчера усно им ја соопштиле на македонските полицајци информацијата за штрајкот.
XS
SM
MD
LG