Достапни линкови

Ахмадинеџад го обвини Западот за нуклеарно „заплашување“


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го обвини Западот за нуклеарно „заплашување“ во неговото вчерашно обраќање на Генералното собрание на ОН, кое беше бојкотирано од САД и Израел. Говорот на Ахмадинеџад беше последен во ОН пред неговото повлекување во идната година. Во меѓувреме, на плоштадот во близина на зградата на ОН илјадници луѓе протестираа против иранскиот режим. Завчера американскиот претседател Барак Обама изјави дека не е неограничено времето за решавање на кризата околу иранската нуклеарна програма со дипломатски средства. Обама рече дека САД го почитуваат правото на земјите да имаат мирновременска нуклеарна моќ, но истакна дека нуклеарно вооружен Иран би бил закана за уништување на Израел, за безбедноста на заливските земји, како и за стабилноста на глобалната економија.
XS
SM
MD
LG