Достапни линкови

Нода: не е можен компромис со Кина


Јошихико Нода

Јошихико Нода

Јапонскиот премиер Јошихико Нода изјави дека не е можен компромис со Кина во врска со суверенитетот врз островите Сенкаку, на кои Пекинг исто така полага право. На прес конференција на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Нода рече дека Пекинг лошо ги разбрал овие проблеми и побара да прекинат нападите врз јапонски интереси во Кина. Островите кои се наоѓаат во Источно Кинеско Море се составен дел од нашата територија, според нашата историја и меѓународното право, истакна Нода.
Кина негодува поради тоа што Токио не сака да ја повлече неодамнешната одлука да ги национализира островите од архипелагот кој Кинезите го викаат Дијаоју.
XS
SM
MD
LG