Достапни линкови

Договор за гасовод меѓу Италија, Албанија и Грција


Денеска во Њујорк ќе биде потпишан меѓувладин договор за изградба на Трансјадрански гасовод (ТАП), што ќе ги поврзува Италија, Албанија и Грција, изјави портпаролот на италијанското Министерство за надворешни работи. ТАП е еден од неколкуте конкурентски проекти на гасовод за транспорт на гас од азербејџанското поле „Шах Дениз II“ во Европа, кој треба да ја намали зависноста од сегашните испорачувачи, вклучувајќи ја Русија.
Акционери на проектот ТАП се швајцарската компанија ЕГЛ (42,5 отсто удел), норвешката „Статоил“ (42,5 отсто) и германската „Е.ОН Рургас“ (15 отсто). За тој проект е заинтересирана и италијанската енергетска компанија „Енел“.
XS
SM
MD
LG