Достапни линкови

Избори се ближат, проблеми со Изборниот законик се нижат


Предвремени парламентрани избори 2011.

Предвремени парламентрани избори 2011.

За само неколку месеци не очекуваат редовни локални избори и можни предвремени парламентарни избори. Се поставува прашањето дали измените на изборниот законик ќе донесат демократски и фер избори ослободени од сомнежите за фалсификат со избирачкиот список и со замките во финансирањето на политичките партии.

Раскопани улици со месеци, нови билборди низ скопските улици во стилот на познатите „makeover“ реални шоуа „пред и потоа“ како потсетување за граѓаните случајно да не заборават дека улиците биле со дупки. Отворени нови партиски штабови низ градовите каде се собираат граѓаните како пред кооперација.
Навистина е губење време, треба да им дадеме шанка, можност на оние што ги избравме да си ја завршат работата.

Секојдневно позирање на политичарите во медиумите за се и сешто, од пуштање чешма во употреба до отворање катна гаража. Протести и контра протести, наспроти „АМАН“ застанаа „Изгор приватизација“, кои се убедени дека опозицијата е виновна за поскапувањето на струјата затоа што пред 7 години го продале ЕСМ, но за најавите за продажба на речиси половина ЕЛЕМ, најавија дека ќе протестирале „отом потом“.
Да има вработување, друго не ме интересира, ниту политика, ниту ништо дипломиран електо инженер сум, а 5 години не сум вработена. Не ме интересира кој е на власт.

Слична судбина делат и лекарите, нивните синдикати добија и контра синдикат, кој се разбира не сака да штрајкува туку институционално ќе ги решава проблемите, како досега се да е решено на тој начин. Од новиот синдикат кој се формираше два дена пред најавените протести сметаат дека новото барање на министерот за плаќање по учинок треба да се реализира само малку дотерано, затоа што, како што велат, штрајкот го организирале неработниците во здравството.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.


Но тоа не беше доволно да се скрши упорноста на синдикатите, па докторите, добија и судска привремена забрана да штрајкуваат.

Наспроти „Достоинство“ застанаа „Бедем“ во одбрана на бранителите од бранителите.
Се знае прво работа и егзистенција. Јас дома можам да купам и уметнички слика, а децата да немаат ни јадење, ни работа.

И бизнисмените ќе куртулат, тие добија ветување дека државата ќе им ги врати парите за ДДВ и ќе им ги плати неисплатените фактури до февруари, таман пред изборите. Повторно ветување за ново покачување на пензиите и социјалната помош и ветување дека платите на административците ќе растат, но за една година.

Теренот за избори е подготвен

Врти сучи, теренот за избори е подготвен. И политичарите и граѓаните се подготвуваат за избори.

Но во целава ситуацијата граѓаните се тие што ќе го извлечат подебелиот крај, а пример за тоа е што сега политиката седна и во училишните клупи, па последните политички препукувања завршија врз грбот на учениците.

Родители на децата од општините Чаир, Аеродром и Сарај се нервираат поради промените во училиштата, а градоначалниците си играат мајтап, ги поделија децата по национална основа и без разлика на возраста од 6 до 9 години ги ставија во една паралелка, а таа одлука се однесува само на децата од малцинската група во општината.

Граѓаните велат дека досега од ниедна влада не виделе аир, а со изборите кои се организираат секое второ лето само ги замајуваат и оттргнуваат од вистинските проблеми кои никој не сака да им ги реши а тоа се зголемената сиромаштија и големата невработеност, постојаните поскапувања на основните продукти.
„Навистина е губење време, треба да им дадеме шанса, можност на оние што ги избравме да си ја завршат работата.“
Само што ја посочив децентрализацијата како пример. Исто така има и други точки каде што има некаков прогрес. Земете го на пример Изборниот законик. Владата неодамна усвои амандмани на Изборниот законик во кои се вклучени бројни препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Затоа велам во голем број од областите има прогрес и го поздравуваме тој прогрес, но не се усвоени сите препораки. Има некои специфични прашања од областа на изборното законодавство на кои треба да се посвети внимание и каде што напредокот е многу ограничен.

„Да има вработување, друго не ме интересира, ниту политика, ниту ништо дипломиран електо инженер сум, а 5 години не сум вработена. Не ме интересира кој е на власт“.

„Се знае, прво работа и егзистенција. Јас дома можам да купам и уметнички слика, а децата да немаат ни јадење, ни работа.“
Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.

Eврокомесарот за проширување Штефан Фуле се сретна со премиерот Никола Груевски во Скопје.


Од друга страна, додаваат дека не се подготвени за избори, за сите притисоци кои доаѓаат со нив за задржување на нивните работни места, од нивни роднини кои се вработени во администрацијата, барајќи од нив да гласаат за една или друга партија ,само за тие да останат на работа.

Избори за отргнување од вистинските проблеми
Кога зборуваме за вистинско одвојување на партијата од функцијата министер, пред само три дена министерката за внатрешни работи го посети Куманово но во партиска функција, седејќи на штанд, разговарајќи со граѓани за да прибира идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ, не на владата, туку на ВМРО-ДПМНЕ, како партиски човек, партиска функција во работен ден.

На минатите избори беше објавена аферата на сега веќе згаснатата А1 телевизија за списоците според кои секој административец треба да донесе по најмалку 15 гласа ако сака да ја задржи работата. Случајот никогаш не доби судска разрешница, само партиски етикети. За граѓаните тие притисоци кои доаѓаат со изборите во ситуација кога нивната егзистенција е на стаклени нозе е неиздржлива.

Покрај редовните локални избори кои треба да се одржат во март догодина, има најави и за предвремени парламентарни избори за кои се шушка дека ќе бидат или во ноември или заедно со локалните во март.
Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.

Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори.


Во пресрет на локалните и можните предвремени избори во земјава многу прашања кои се однесуваат на изборната регулатива и демократски и фер избори остануваат нерешени.

Прв тест за новата изборна регулатива, односно за можноста за бојкот на опозицијата, би требало да бидат локалните избори напролет. Предлог-изборниот законик што Владата молскавично го донесе ден пред доаѓањето на еврокомесарот Штефан Филе, е една од причините поради кои опозицијата најави дека ќе ги бојкотира можните предвремени парламентрани избори доколку во новата регулатива не се вградат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Работната група која работи во Министерството за правда на изборниот законик ја продолжува својата работа и по однос на останатите препораки и чинам дека наредниот состанок на работната група е закажан за октомври. Значи изборниот законик не е затворен, тој и понатаму ќе трпи измени во насока на ова што значат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

И овој пат, новата регулатива за избори се носи неколку месеци пред изборите, а се очекува дека до конечното усвојување на законикот ќе поминат уште неколку месеци. Но според меѓународните стандарди ваквите измени треба да се направат барем една година пред избори.

Според министерот за правда, Блерим Беџети, со Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик се решаваат некои од препораките содржани во Конечниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР, со акцент на приоритетните препораки како одвојувањето на државата од политичките партии, финансирањето на изборната кампања, медиуми и набљудување на изборите, објавување на изборните резултати, постапките за приговори и жалби.

Фалинки во Изборниот законик
Дарко Алексов, извршен директор на Мост.

Дарко Алексов, извршен директор на Мост.


Но токму вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека спроведувањето на задачите од дијалогот на високо ниво, не може да се одговори со да или не за постигнување на целта- целосно одвојување на државата од политичките партии.
Постои разлика помеѓу видот на лимитот на правни и физички лица. Според сите меѓународни изборни стандарди видот на лимитот за правни и физички лица не треба да се разликува, што значи ако е апсолутен износот кај физичките лица, исто таква апсолутна бројка мора да биде дадена и кај правните лица, тоа тука не е случај и не носи во една ситуација во која ваквата разлика ги поставува донаторите, па и партиите во една нееднаква позиција, при што цела кампања би можела дa биде финансирана од еден донатор.

„За да заклучите со „да„ или „не“, тоа е п роблем, но во принцип како напредување или како напредок во оваа фаза од тоа што сме го исцртале мислам дека имаме направено добар исчекор.“

Според патоказот, со изборниот законик треба да се задоволат три основни критериуми, а тоа е задоволително ниво на одвојување на државата и партијата, потоа решенија за празнините и недореченостите во досегашните закони како и завршена целосна ревизија на избирачкиот список.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервјуто за Радио Слободна Европа посочи дека не сите забелешки и прашања кои се врзани за изборите а ги има во патоказот се спроведени. Како пример за задачи каде што не е постигнат прогрес го наведе прашањето за децентрализацијата која како што вели е од големо значење за локалните избори на пролет.

„Само што ја посочив децентрализацијата како пример. Исто така има и други точки каде што има некаков прогрес. Земете го на пример Изборниот законик. Владата неодамна усвои амандмани на Изборниот законик во кои се вклучени бројни препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Затоа велам во голем број од областите има прогрес и го поздравуваме тој прогрес, но не се усвоени сите препораки. Има некои специфични прашања од областа на изборното законодавство на кои треба да се посвети внимание и каде што напредокот е многу ограничен.“
Ова е прашање кое е турнато под тепих и јасно е дека финансирањето на политиката е една непопуларна тема кај сите политички актери, без разлика дали се на власт, или во опозиција и исто така институциите не се многу заинтересирани да говорат на темата или да поднесат некои иницијативи за решавање на овие проблеми.

Една од најважните препораки на ОБСЕ-ОДИХР е токму одвојувањето на државата од партијата, односно да се спречи злоупотреба на државна функција во предизборие со помош на извршни механизми, т.е. да се воведат санкции. Но тоа предлагачот не го сторил, тоа е сведено на одредба дека функционерот, доколку е кандидат на избори, треба да ја извршува функцијата технички, преку неопходните активности во рамките на надлежностите. А за тоа кои се неопходни активности се повикува на стариот закон што значи дека во основа ништо и не е сменето.

Опозицијата смета дека новата регулатива е само шминка, колку Владата да покаже дека нешто работела. Додаде дека ќе ја поддржи потребата од носење на нов закон но очекува да се вметнат амандманите кои во наредните фази ќе ги понудат за подобрување на регулативата. Тие велат дека некаков знак за имплементација има само во однос на две препораки на ОБСЕ, додека се друго е игнорирано, вклучително и забелешките за медиумското претставување во изборната кампања, за заштитата на избирачкото право од притисоци и заплашувања, за двосмисленоста на Законикот.
Ако се прочисти списокот, ќе имаме не 25, туку 30 пратеници Албанци, зашто повеќе гласачи од жители има само во македонските средини, а во албанските не е така, што покажува дека македонската партија во власта користи стотици илјади фиктивни гласови.

„Категорично тврдиме дека во најголем број препораките изнесени во конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР не се воопшто третирани од страна на Министерството за правда и владата како предлагач,односно се целосно игнорирани“, вели Ана Павловска Данева од СДСМ.

Таа додава дека нема политичка волја во владејачката коалиција да се одвои партијата од функцијата.
Само лидерот на ОМ е осуден на затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања.

Само лидерот на ОМ е осуден на затворска казна за нелегално финансирање на изборната кампања.


„Кога зборуваме за вистинско одвојување на партијата од функцијата министер, пред само три дена министерката за внатрешни работи го посети Куманово но во партиска функција, седејќи на штанд, разговарајќи со граѓани за да прибира идеи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ, не на владата, туку на ВМРО-ДПМНЕ, како партиски човек, партиска функција во работен ден.“

Но, за власта, во изборниот законик се вметнати сите потребни забелешки од ОБСЕ и ОДИХР.

„Од тие причини работната група која работи во Министерството за правда на изборниот законик ја продолжува својата работа и по однос на останатите препораки и чинам дека наредниот состанок на работната група е закажан за октомври. Значи изборниот законик не е затворен, тој и понатаму ќе трпи измени во насока на ова што значат препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, вели заменик министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски.

СДСМ, меѓу другото, бара да се предвидат мерки против заплашување на гласачите, да се овозможи гласање на членовите на избирачките одбори надвор од земјата, допрецизирање на регулативата за гласање на дијаспората, при именувањето на членовите на Советот за радиодифузија да се земе предвид нивната професионалност, правилата за презентација во медиумите за време на кампањата да се дефинираат со закон. Тие тврдат дека Владата намерно не ги вметнала сите забелешки на ОБСЕ-ОДИХР затоа што според деловникот може да се интервенира со амандмани само за членовите кои ги има во предлог законот не и за оние кои ги нема, а предлог законот кој не ги решава клучните проблеми не треба да помине во Собранието.

Една од забелешките на ОДИХР е токму финансирањето на партиите, на минатите избори имаше случаи кога поединци даваа точно илјада евра за кампања, а подоцна во медиумите велеа дека заборавиле дали дале или не пари, со што се создаде сомнеж за финансирањето на партите во изборниот процес.

Вицепремирката за европски прашања Теута Арифи, вели дека оваа причина за сомневање се уште е отворена.

„Значи тоа е и дилема која е останата отворена како таква. Секако дека во рамки на консултации на политичките партии и од опозицијата и од власта, ќе се види како тоа да се надмине како забелешка од страна на ОДИХР и ОБСЕ и на претходните избори што повеќе пати беше кажана. За тоа прашање очигледно ќе ни треба пошироко договарање како тоа би го решиле, дали да го вратиме старото законско решение или засега ќе останеме на ова. Ова е прашање што треба да се реши.“

Извршниот директор на граѓанската асоцијација „Мост“ Дарко Алексов, вели дека нивна препорака е да се измени видот на лимитот на донации на правни лица кои со измените во 2011-тата година е ограничен на 5 проценти од вкупниот приход на правните лица.

„Оваа одредба е многу спорна затоа што постои разлика помеѓу видот на лимитот на правни и физички лица. Според сите меѓународни изборни стандарди видот на лимитот за правни и физички лица не треба да се разликува, што значи ако е апсолутен износот кај физичките лица, исто таква апсолутна бројка мора да биде дадена и кај правните лица, тоа тука не е случај и не носи во една ситуација во која ваквата разлика ги поставува донаторите, па и партиите во една нееднаква позиција, при што цела кампања би можела дa биде финансирана од еден донатор.“

Искра Андреева од Македонскиот центар за европско образование, вели дека во законот за финансирање на политичките партии се вметнати и дел од препораките на ГРЕКО но проблем е што овој закон се менува секоја есен.

„Никако тие шест препораки од ГРЕКО конечно да ги имплементираме. Што се однесува до изборниот законик и тие клучни системски слабости, што и ние ги забележавме, но и ГРЕКО, но и Државниот завод за ревизија, не знаеме дали ќе се отстранат.“

Таа додава дека клучниот проблем во финансирањето на партиите се периодот во кој организаторите на изборните кампањи треба да известат за потеклото на парите и времетрањето на наменската сметка за изборната кампања.

„Ова е прашање кое е турнато под тепих и јасно е дека финансирањето на политиката е една непопуларна тема кај сите политички актери, без разлика дали се на власт, или во опозиција и исто така институциите не се многу заинтересирани да говорат на темата или да поднесат некои иницијативи за решавање на овие проблеми.“

Друга област во која „Мост“ има дадено свои препораки е гласањето во странство, нешто што во новиот предлог-закон не е внесено, а како оправдување, Министерот за правда Беџети рече дека сега се регулираат прашањата кои се поврзани со локалните избори.

Алексов смета дека одредбите во законот кои се однесуваат на прашањето за гласање на дијаспората не се баш најдобро формулирани и оставаат нерегулирани прашања.

„Но она што бара суштинска промена е начинот на гласање во странство, лично во конзуларните претставништва. Сметаме дека на овој начин се ограничува остварувањето на правото на глас на државјаните на Република Македонија во странство и затоа предлагаме гласање по пошта, што од една страна би го зголемила интересот и одѕивот на гласање во странство, а од друга страна сериозно би ги намалило финансиските импликации за една ваква операција.“

Повеќе гласачи отколку жители?

Во однос на забелешката на ОБСЕ која се однесува на „темелна ревизија и исправка на Избирачкиот список“, владата требаше да го стори тоа со спроведување на попис во октомври 2011 година за да се регулира списокот во однос на починати лица и на граѓаните кои престојуваат во странство. Но пописот не беше спроведен што остава простор за сомнеж за интересот на владата да постапи по оваа препорака.

Алексов вели дека во оваа фаза избирачкиот список претрпе административна ревизија, а во најблиска иднина мора да се постигне консензус за теренско испитување на списокот за се утврди неговиот квалитет и евентуалните останати забелешки кои со административните процеси не може да се забележат. Тој додава дека тоа не е работа која би се завршила за недела, две или месец.

„Избирачкиот список како таков во последно време потегнува многу прашања, а тоа е за една група на граѓани која ја немаат остварено својата граѓанска обврска да се легитимираат пред државата, односно да извадат нови лични карти и патни исправи. Тоа е една бројка од околу 140 илјади граѓани кои според актуелниот изборен законик, доколку не извадат нови документи на следните локални редовни избори нема да можат да го остварат своето право на глас.“

Според анализата на Македонскиот центар за европско образование, списокот е нереален и содржи најмалку 200 илјади фиктивни гласачи со кои може да се изврши манипулација во изборните резултати. И покрај обидите на надлежните пред секој изборен циклус да ги прочистат списоците од починатите лица и оние кои немаат право на глас, сепак бројката на гласачкото тело од година во година мистериозно расте.

Овој заклучок произлегува од податоците од последниот спроведен попис од 2002 година, според кој во земјава има вкупно 2 милиони и 22 илјади граѓани од кои со право на глас се 1,664 милиони со што произлегува дека малолетни се 358 илјади. Но, токму податокот за малолетни е неточен затоа што според статистичките податоци од истиот попис во тој период, бројот на лица кои се на возраст од 0 до 18 години е поголем од 500 илјади.

Бројот на гласачи во 2009 година изнесуваше 1,792 милиони, додека две години подоцна за предвремените избори бројката порасна на 1,83 милиони регистрирани гласачи. Со ваквите бројки се поставува и прашањето колкав процент на прираст на населението е потребно за математиката со избирачкиот список да биде точна?

Пратеникот Изет Зеќири од НДП смета дека избиирачкиот список содржи над 230 илјади фантомски гласачи. Тој ја објаснува својата теза со податоците од општините каде што во Ресен на пример има заведено 16 илјади жители, а право на глас од оваа општина имаат 19 илјади граѓани. Тој додава дека слична ситуација е забележлива и во многу други места во Македонија со што на следните избори ќе се добиеме изборен криминал.

„Ако се прочисти списокот, ќе имаме не 25, туку 30 пратеници Албанци, зашто повеќе гласачи од жители има само во македонските средини, а во албанските не е така, што покажува дека македонската партија во власта користи стотици илјади фиктивни гласови.“

Алексов вели дека со политичка волја и добра координација и соработка меѓу институциите може да се дојде до изнаоѓање на решение за овие забелешки и проблеми кои се нотирани досега. Тој додава дека препораките на ОБСЕ-ОДИХР, се формулирани на начин на кој што не се мешаат во внатрешните работи на една земја, но на дипломатски начин посочуваат кои се слабите алки во изборниот процес и како тие да се надминат со цел за да се достигнат меѓународните стандарди за демократски избори.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG