Достапни линкови

Пакистан- Талибанците му простија на министерот за железници


Протести во Пакистан против филмот „Невиноста на муслиманите“.

Протести во Пакистан против филмот „Невиноста на муслиманите“.

Талибанците во Пакистан се откажале од планот да го убијат министерот Гулам Ахмад Билур, откако тој понуди 100 илјади долари за убиство на авторот на анти-исламскиот филм.
Протестите во Пакистан против филмот „Невиноста на муслиманите“ со кој се навредува пророкот Муахмед, беа жестоки, а во таква атмосфер, министерот за железница понуди пари за главата на авторот. Тој ги повика и Талибанците и Ал Каеда да го елиминираат режисерот. Пакистанската влада се огради од ставовите на министерот.
Министерот припаѓа на партија која не ги подржува Талибанците и тој самиот беше мета на нив, но тие решиле да му простат, соопштуваат пакистанските Талибанци.
XS
SM
MD
LG