Достапни линкови

САД го бојкотираат говорот на Ахмадинеџад во ОН


САД го бојкотираат денeшниот говор на претседателот на Иран за време на Генералното собрание на ОН, соопштува американската мисија во ОН.
Махмуд Ахмадинеџад уште еднаш ја искористи посетата на ОН за да ги изнесе своите теории и навредите врз Израел.. затоа претставници на САД нема да учествуваат на неговиот говор, соошти Ерин Пелтон, портпарол на мисијата на САД во ОН.

„Особено е штета што Ахмадинеџад ја има говорницата на располаѓање на ден кога се празнува еврејскиот празник Јим Кипур“, вели Полтон.

Ахмадинаџед пред два дена изјави дека Иран не обраќа внимание на израелските закани и дека и понатаму ќе развиваат нуклеарни инсталации. Тој остро ги критикуваше санкциите од Западните земји поради неклеарната програма на Техеран.

Претседателот на САД Барак Обама вчера пред Генералното собрание на ОН, рече дека САД ќе направат „ се што мораат “ да спречат Иран да направи атомска бомба.
XS
SM
MD
LG