Достапни линкови

Самарас го одобрил пакетот мерки за штедење


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас го одобрил пакетот мерки со кои во наредните две години треба да се заштедат 11,5 милијарди евра, јави МИА.

Министерот за финансии Јанис Стурнарас синоќа му го презентирал целиот пакет на Самарас, а денеска ќе им биде претставен и на лидерите на коалициските партнери ПАСОК и Демократската левица, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис.

Минатата недела грчката Влада не успеа да се договори со тројката (ЕУ, ММФ и ЕЦБ) затоа што меѓународните кредитори одбија околу две милијарди од вкупната сума што ја презентира грчката страна.

Во финалната верзија на пакетот се работи за 11,5 милијарди што треба да се заштедат од буџетот и дополнителни две милијарди кои треба да се соберат со новите даночни мерки. Доколку коалициските партнери се договорат за мерките, тоа ќе го трасира патот за постигнување договор со тројката која се очекува за неколку дена да се врати во Атина за да се заврши договорот за последниот пакет.

Потпишувањето на договорот е неопходно за Грција да ја добие следната транша финансиска помош во висина од 31,5 милијарди евра.

Пакетот содржи намалување на платите во јавниот сектор, пензиите и социјалното осигурување. Во него стои и зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 67 години, но нема ништо за отпуштање на вработени во администрацијата.
XS
SM
MD
LG