Достапни линкови

Турција го блокира пристапот до антиисламскиот филм


Tурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Tурскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турските власти соопштија дека добиле судско решение за блокирање на пристапот на интернет до анти-исламскиот филм „Невиноста на муслиманите“.

Судската одлука е донесена денеска, еден ден откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган побара од надлежните институции да најдат начин за ограничување на пристапот до филмот, кој предизвика протести ширум светот.

Освен тоа, турското Министерство за информации испратило барање до „Гугл“ и „ЈуТјуб“ да го отстранат филмот од мрежата.

Ердоган упати критики до западните земји дека не преземале мерки за спречување на сквернавењата на исламските вредности, но го осуди и насилството за време на протестите против филмот
XS
SM
MD
LG