Достапни линкови

Либиja вети дека ќе ги пронајдe убијците на човекот заслужен за фаќањето на Гадафи


Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Либиските власти ветија дека ќе ги пронајдат убијците на човекот заслужен за фаќањето на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи минатата година. Либиската новинска агенција ЛАНА објави дека Либискиот национален конгрес им дал рок од 10 дена на силите за спроведување на редот да ги уапсат одговорните за киднапирањето и мачењето на 22-годишниот Омран Шаабан. Тој почина вчера во Париз, каде што се лекуваше од повредите. Шаабан наводно обезбедил информации за местото каде што се криел Гадафи, кој беше најден во одводна цевка во близина на неговиот роден град Сирт.
Шаабан беше киднапиран во јули, наводно од поддржувачи на Гадафи. Тој наводно бил мачен и бил застрелан во ’рбетот. Шаабан беше ослободен минатата недела по посредувањето од привремениот либиски лидер Мохамед Магариф. Околу 10 илјади луѓе во знак на жалење се собраа пред домот на убиениот во Мисрата.
XS
SM
MD
LG