Достапни линкови

Во конфликтот во Сирија загинале 30 илјади луѓе


Повеќе од 30 илјади луѓе од кои најголемиот дел цивили загинале во 18 месечниот конфиликт во Сирија, објави сириската Опсерваторија за човекови права и бегалци. Според податоците на организацијата со седиште во Лондон, во Сирија загинале
21.534 цивили, 7.322 војници и 1.168 дезертери. Податоците на Организацијата се врз основа на сведочења на бунтовниците и на лекарите.
Претседателот на Организацијата Рами Абдел Рахман вели дека во бројката не се вклучени „илјадниците исчезнати во сириските затвори.“

„Сирија е уништена, а светот и понатау молчи“, вели Рахмани.

Во Сирија вчера загинале 217 луѓе, од кои 136 цивили, 54 војници и 27 бунтовници.
XS
SM
MD
LG