Достапни линкови

logo-print

Во поплавите во Индија 18 мртви и 2 милиони раселени


Осумнаесет луѓе загинаел, а повеќе од 2 милиони се раселени од поплавите кои ја погодија североисточна Индија, соопшти денеска индиската владина агенција за вонредни ситуации.

Обилните дождови предизвикаа изливање на реката Брамапутра и нејзините притоки од што во државата Асам се поплавени повеќе од 2.200 села. Властите велат дека сега приоритет им е да ги спасат оние кои поради поплавите останаа отсечени од светот и да ги снабдат со лекови погодените од катастрофата.
XS
SM
MD
LG