Достапни линкови

Лицето и опачината на македонското судство


Според ЕУ, судството во Македонија бележи напредок. Експертите, пак, велат дека сликата на македонското судство е сосема поинаква.

Зголемената ефикасност и намалувањето на бројот на заостанатите судски случаи кои беа констатирани како дел од завршените задачи од Патоказот во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ за експертите не кореспондираат со сликата на македонското судство.
Не можеме да очекуваме одлуките да бидат брзо решени за сметка на квалитетот што го имаме, или да имаме селективен пристап, еве конкретно кај предметите за новинарите, некои предмети многу брзо одат, некои предмети скоро да не се решаваат. Ако тоа е ефикасност, јас не знам што е неефикасност.
Маргарита Цаца Николовка, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур.

Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовка вели дека не знае врз основа на што е дојдено до тој заклучок, бидејќи најголем број на македонски предмети во Европскиот суд за човекови права се поради должината на постапките.

„Таа ефикасност е врзана со квалитетот на судските одлуки, ние не можеме да очекуваме одлуките да бидат брзо решени за сметка на квалитетот што го имаме, или да имаме селективен пристап, еве конкретно кај предметите за новинарите, некои предмети многу брзо одат, некои предмети скоро да не се решаваат. Ако тоа е ефикасност, јас не знам што е неефикасност.“

Професор Рухи Бакиу вели дека е зголемена ефикасноста на судовите, но само кај оние кои се наоѓаат надвор од Скопје, за разлика од главниот град каде судиите имаат премногу предмети.

„Ова доведува со една механичка работа на судиите, без да влегуваат подлабоко во проучувањето на предметите, туку трчаат по релаизација на нормите.“
Таа пракса продолжува и понатаму и покрај тоа што Уставниот суд дава насоки и укажува каде е згрешено во донесувањето на тие закони, законодавниот дом пак не ги зема предвид тие насоки.
Рухи Бакиу., универзитетски професор.

Според Цаца Николовска, проблематично е и тоа како се донесуваат пресудите и брзината со која се донесуваат нови закони.

„Во крајна линија јас не знам дали тенденцијата е да се донесат закони, истите потоа да одат пред Уставен суд, па да се укинуваат, или на некој начин да се вршат одредени амандмани или да се вршат промени на законот.“

И Бакиу вели дека сите сме сведоци дека пратениците воопшто не се трудат да усвојат поквалитетни закони, кои потоа се оспоруваат на Уставниот суд.

„Таа пракса продолжува и понатаму и покрај тоа што Уставниот суд дава насоки и укажува каде е згрешено во донесувањето на тие закони, законодавниот дом пак не ги зема предвид тие насоки.“

Според експертите, потребно е во изготувувањето на законите да се вклучат и стручни лица од граѓанскиот сектор, а не да се реагира откако тие ќе бидат донесени.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG