Достапни линкови

logo-print

Газпром - во финална фаза приклучување на Македонија кон „Јужен тек“


Во финална фаза се подготовките за приклучување на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ чија изградба треба да почне на крајот на годинава, а да заврши до крајот на 2015. По потпишувањето на договорот меѓу македонската и руската страна ќе се знае од каде ќе биде одвоен крак кон Македонија, информираше раководителот на претставништвото на Газпром во Македонија, Сергеј Икоников.
„Се планира мрежа на гасификација низ цела Македонија и сигурно тоа ќе биде точка што ќе биде одобрена по барање и од македонската страна“, рече Икоников.
Од компанијата се надеваат дека до 2030 година потрошувачката на гас во Македонија ќе изнесува 2,5 милјарди кубни метри годишно, но тоа ќе зависи од имплементацијата на македонската национална програма за гасификација и од изградбата на гасни електроцентрали.
XS
SM
MD
LG