Достапни линкови

logo-print

Турците сметаат дека Ѓул треба да се кандидира за уште еден мандат


Турскио претседател Абдула Ѓул.

Турскио претседател Абдула Ѓул.

Турците го преферираат сегашниот претседател Абдула Ѓул пред премиерот Реџеп Таип Ердоган за следен шеф на државата, покажуваат резултатите од истражувањето извршено од турската социолошка агенција Метропол во периодот од 14 до 19 септември во 27 турски окрузи на примерок од 1.275 лица.

Шеесет проценти од анкетираните сметаат дека актуелниот претседател, чиј мандат истекува во 2014 година, треба да се кандидара и на следните претседателски избори.

На прашањето за кого би гласале за Ѓул или за Ердоган, повеќе од половина го избрале актуелниот претседател, а 22,7 проценти се одлучиле за премиерот Ердоган. Останатите анкетирани немале мислење.
XS
SM
MD
LG