Достапни линкови

Украина планира клеветата да биде кривично дело


Владејачката партија на Украина планира клеветата повторно да биде кривично дело казниво со затворска казна. Нацрт законот со кој се плaнира клеветата да се казнува со 5 години затвoр е критикуван од опозицијата и независните медиуми. Опозицијата во Украина и независни медиуми го осудија потегот како уште еден напад врз слободата на говорот во период пред парламентарните избори закажани за 28 октомври. Претседателот Виктор Јанукович вчера исто така го критикуваше времето во кое е даден предлогот, според него тајмингот е грешка. САД и другите западни влади го критикуваат Јанукович за уназадување на демократијата откако дојде на власт во февруари 2010 година.
XS
SM
MD
LG