Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Шпанија против мерките за штедење


Во Шпанија денеска втор ден по ред се одржуваат протести против мерките за штедење. Повторно се најавени масовни протести во Мадрид, каде што вчера дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Според полициски извори, 64 лица биле повредени, вклучувајки и 27-мина полицајци. Министерот за внатрешни работи Хорхе Дијаз денеска оцени дека некои од демонстрантите биле насилни и оти полицијата морала да интервенира.
XS
SM
MD
LG