Достапни линкови

logo-print

Оланд: Мора да се заострат санкциите против Иран


Францускиот претседател Франсоа Оланд, на прес конференција во Њујорк изјави дека се додека Иран продолжува со збогатувањето ураниум, меѓународните санкции против таа земја мора да бидат заострувани, не со цел да биде казнет иранскиот народ, туку со цел режимот во Техеран да се врати на преговарачка маса. Постои ризик Иран да произведе нуклеарно оружје, а тоа е неприфатливо, изјави Оланд. Тој додаде и дека Иран и материјално и на други начини е инволвиран во конфликтот во Сирија.
XS
SM
MD
LG