Достапни линкови

Шинзо Абе можен нов премиер на Јапонија


Шинзо Абе

Шинзо Абе

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е избран за лидер на најголемата јапонска опозициона партија, Либерално – демократската, што значи дека доколку оваа партија победи на престојните парламентарни избори, тој повторно ќе биде премиер. Според истражувањата на јавното мислење, конзервативната Либерално – демократска партија би можела да победи на изборите. Оваа партија беше речиси 50 години владејачка во Јапонија, односно до 2009-та година, и има поостри ставови во врска со територијалните спорови на Јапонија со Кина и со Јужна Кореја.
XS
SM
MD
LG