Достапни линкови

Иванов денеска ќе разговара со Бан Ки Мун


Од посетата на Бан Ки Мун во Скопје

Од посетата на Бан Ки Мун во Скопје

Претседателот Ѓорге Иванов, кој ја предводи македонската делегација на 67 Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Mун, јавува дописникот на МИА од САД.
Се очекува главна тема на разговорите да биде процесот за решaвање на проблемот со името. На средбата, претседателот Иванов ќе побара цврста заложба за реактуелизирање и заживување на процесот на разговорите, за што поскоро решавање на овој дведецениски спор и деблокирање на евро-атлантската иднина на Македонија, за што свој личен ангажман најави и генералниот секретар Бан при неговата посета на Македонија во јули годинава.
Утре шефот на македонската држава се среќава со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц и ќе има обраќање пред Генералното собрание.
XS
SM
MD
LG