Достапни линкови

Сирија во фокусот на Генералното собрание на ОН


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и американскиот претседател Барак Обама.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и американскиот претседател Барак Обама.

Во Њујорк почна Генералната дебата на 67-мото Заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на отворањето на годишното Генералното собрание на ОН рече дека тој е против заканите од било која држава за воена акција против друга земја.
Ова е сериозна закана за светскиот мир и безбедност и бара внимание од Советот за безбедност. Меѓународната зaедница не треба да ја врти главата додека насилството бега од контрола

Бан Ки Мун изјави дека „секој таков напад би бил катастрофален“, притоа не прецизираше за кои земји зборува.

Генералниот секретар на ОН рече дека сирискиот конфликт е „регионален конфликт од светски размери“ и побара од Советот за безбедност да работи на запирање на тој судир.
Бан Ки Мун.

Бан Ки Мун.


„Ова е сериозна закана за светскиот мир и безбедност и бара внимание од Советот за безбедност“, рече Бан Ки Мун.

Тој рече дека конфликтот треба да се решава по мирен пат и со почитување на повелбите на ОН.

„Меѓународната зaедница не треба да ја врти главата додека насилството бега од контрола.“
Jас јасно ставив до знаење дека владата на САД нема никаква врска со видеото и верувам дека порака од видеото мора да биде отфрлена од сите кои ја почитуваат човечноста. Тоа е навреда не само за муслиманите, туку и за Америка. Ние сме земја која е добредојдена за луѓе од сите раси и вери.

Тој се осврна и на состојбата во Авганистан, на немирите во Африка, на израелско- палестинските прашања, на климатските промени и на кризата со храна.

Обама се осврна на омразата, Сирија, Иран

Барак Обама.

Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама рече дека е време да се изолираат оние кои користат омразата како основен политички принцип кон Америка, Западот или Израел. Говорејќи на отворањето на Генералното собрание на ОН, тој рече дека анти-исламското видео кое предизвика насилство низ муслиманскиот свет е навреда не само за муслиманите, туку и за Америка исто така.

„Јас јасно ставив до знаење дека владата на САД нема никаква врска со видеото и верувам дека порака од видеото мора да биде отфрлена од сите кои ја почитуваат човечноста. Тоа е навреда не само за муслиманите, туку и за Америка. Ние сме земја која е добредојдена за луѓе од сите раси и вери“.
Режимот на Башар ал Асад мора да дојде до крајот за да се запре страдањето на сирискиот народ и да започне нов ден.

Повеќе од 30 луѓе се убиени во протестите против филмот „Невиноста на муслиманите“, кој предизивика бес низ муслиманскиот свет и протести пред американските амбасади и компании.
Полиција ја обезбедува зградата на ОН за време на Генералното собрание.

Полиција ја обезбедува зградата на ОН за време на Генералното собрание.


Обама пред ОН изјави дека филмот е „суров и одвратен“. Тој рече дека нападите во последните две недели не се само напад на Америка, туку и на многу идеали на кои почиваат Обединетите нации.

Обама исто така рече дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „мора да биде доведен до крајот.“

„Режимот на Башар ал Асад мора да дојде до крајот за да се запре страдањетото на сирискиот народ и да започне нов ден“.

Обама рече дека иднината на Сирија не може да му припаѓа на еден диктатор кој врши масакар врз неговиот народ, туку треба да им припаѓаат на сите Сиријци.
Обама го обвини Иран дека го потпомага режимот на Асад и разгорува други тензии во светот.

Тој изјави дека времето за дипломатско решение на кризата околу нуклеарната програма на Иран не е неограничено.

Обама изјави дека САД го почитува правото на земјите да користат нуклеарна енергија за мирољубиви цели, но дека нуклеарно наоружан Иран би можел да биде закана за Израел, за безбедноста на Заливот и стабилноста на глобалната економија.

Во својот говор пред Генералното собрание на ОН, Обама се осврна и на американскиот амбасадор Крис Стивенс, кој беше убиен во американската амбасада во Бенгази за време на протестите на 11 септември.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG