Достапни линкови

Попоски ќе присуствува на Трансатлантската вечера во Њујорк


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана на државниот секретар на САД Хилари Клинтон, денеска во Њујорк ќе присуствува на Трансатлантската работна вечера, на која покрај земјите-членки на НАТО и ЕУ се поканети Македонија и Швајцарија.
Се очекува министрите за надворешни работи на земјите на трансатлантската заедница да разговараат за натамошно зајакнување на трансатлантските врски и соработка, како и за заедничкото справување со актуелните глобални прашања, со посебен акцент на состојбите на Блискиот Исток, соопштуваат од македонското МНР.
XS
SM
MD
LG